УСЛУГИ
постоиме за вас и вашето здравје!

Ординација по општа медицина

Ординација по општа медицина има склучено договор со ФЗОМ и брои околу 5000 матични пациенти од различни старосни групи за кои се грижат два лекарски тимови. Во склоп на ординацијата постои и дневна болница каде пациентите добиваат соодветна грижа и терапија. Со цел да се згрижат изнемоштените или неподвижни пациенти ординацијата по општа медицина нуди домашна посета.

Ординација по интерна медицина

Ординацијата по интерна медицина располага со најсовремен ехо апарат PHILIPS HD7 XE. Овој апарат е дизајниран со цел да се прошири дијапазонот на рано дијагностицирање на болести на внатрешните органи. PHILIPS HD7 XE има напредни опции и висока дефиниција на слики кои го прават да биде најдобар во својата класа. Во ординацијата по интерна медицина ги вршиме следниве прегледи: - Општ интернистички преглед - Ехо на срце - Ехо на абдоминални органи - Ехо на простата, скротум и тестиси - Ехо на дојка - Ехо на меки ткива, мускули,лигаменти и тетиви. - Ехо на тироидна и други жлезди. - Ехо со доплер на каротиди - Давање на комплетна терапија(ампуларна и инфузиона) – предложена од интернист. - Коронарен стрес тест

Ординација по медицина на трудот

ПЗУ Интермед Арт е овластена здравствена установа за вршење на дејноста од областа на Безбедност и здравје при работа. За здрав бизнис потребни се здрави вработени, за таа цел ПЗУ Интермед Арт располага со ОРДИНАЦИЈАТА ПО МЕДИЦИНА НА ТРУД која ги обезбедува сите услуги кои се од големо значење за вработените и работните организации: - Лекарски уверенија за државјанство - Лекарски уверенија за вработување - Претходни,периоднични и систематски прегледи на вработени - Обуки за прва помош на вработени - Учество во обуки за безбедност и здравје при работа - Учество во Елаборати за проценка на професионални ризици на работно место. Ординацијата по медицина на труд има капацитет за извршување на повеќе од 1000 прегледи на месечно ниво. Располагаме со соодветен стручен кадар и техничка опрема, а со цел да им обезбедима квалитетна услуга на нашите клиенти и да ги задоволиме нивните барања располагаме со мобилни екипи низ целата територија на државата кои се соодветно опремени.

Ординација по спортска медицина

ПЗУ Интермед Арт е една од ретките здравствени установи кои располагаат со ординација по спортска медицина. Ординацијата по спортска медицина постои од 2012 година и има успешна соработка со сите врвни македонски спортски клубови. Во склоп на ординацијата по спортска медицина која е опремена по европски стандарди за квалитет, со ергометар Ergo Fit, спирометар и 12 канално ЕКГ, се вршат два типа на спортски прегледи: - Општ спортски преглед - Спортски преглед со коранарен стрес тест

ПРОФЕСИОНАЛЕН АНАЛИЗАТОР НА СОСТАВОТ НА ТЕЛОТО ВО ФУНКЦИЈА НА ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ Високата технологија која ја користи InBody 270 овозможува со еден преглед да се добие анализа со која може да се спречат болести како што се : висок крвен притисок, дијабетис, болести на срце и крвни садови , заболувања на црн дроб , проблеми со дебелина, нефролошки заболувања. Кај спортисти нуди можност за следење на растот и развојот на телото, како и постигнување на баланс при тренинг и натпревари. После извршена терапија кај повреди, со InBody се пратат промените на телото поединечно(екстермитети, торзо..). Бидејќи апаратот е прецизен до таа мера да резликува дали пациентот пишува со лева или со десна рака, се детектираат промени кои се менуваат од час во час и кои промени со обичен преглед не можат да се детектираат.

БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА (биохемија, имунологија, микробиологија)

ПЗУ Интермед Арт располага со современа биохемиска лабораторија, која има капацитет да врши различни видови испитувања: - Сите биохемиски анализи - Микробиолошки испитувања - Тумор маркери - Хормони - Електролити... Вршиме постојана контрола на квалитетот на нашите резултати во и надвор од државата. Можност за земање на материјал за анализа во вашиот дом или на вашето работно место и можност за праќање на резултати по пошта или e-mail. Нашата поликлиника има договор со Фонд за здравство со тоа што лабораториските анализи би можело да се прават со упат од матичен лекар.

Ревматолошки прегледи

Во соработка со Универзитетската Клиника за Ревматологија и Проф.Др. Ѓеорѓи Божиновски, секој четврток ПЗУ Интермед Арт врши ревматолошки консултации. Ревматологијата претставува субспецијалност во рамките на интерната медицина. Постојат преку 100 различни ревматолошки заболувања: ревматоиден артритис, системски заболувања на сврзното ткиво, Raynaud синдром, метаболни артропатии , итн... Со цел побрзо откривање и поуспешно лекување на овие болести вршиме: - Серолошки ревматолошки испитувања (РФ,анти ЦЦП, ЦРП, Ц3, Ц4) - Имунолошки ревматолошки испитувања(ANA панел) - Капилароскопија (подноктна) - Артоцентеза

Алерголошки прегледи

Во соработка со Д-р Неда Ежова ПЗУ Интермед Арт секоја среда врши алерголошки прегледи. Прегледот се извршува со метода на prick тестови. Кожните prick тестови се применуваат за потврда на дијагноза на алергиска болест и одредување на преосетливост на различни антигени. Поради едноставноста на изведување и брзината на добивање на резултатот, овој начин на тестирање е најчест при поставување на дијагноза, почеток на лечење и спречување на компликации од неизлечени алергии како што се астма и хронична опструктивна болест на плуќа.

Домашна посета

Медицинско обезбедување и транспорт

Соба за интервенци

ДАЛИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА НЕШТО ПОВЕЌЕ?

КЛИКНЕТЕ НА КОПЧЕТО ЗА ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ